Сертификатот од електронската вињета можете во секое време да го симнете преку Вашата корисничка сметка. Доколку немате пристап до Вашата корисничка сметка, како алтернатива употребете го нашето пребарување на налози.
Со секоја нарачка добивате сертификат од електронската вињета како PDF-документ. Овој документ служи како потврда дека Вашата електронска вињета е регистрирана. Меѓутоа, документот не мора да се печати. И не морате документот да го имате со себе за време на патувањето.
Не, електронската вињета морате секогаш да ја купите на време пред почетокот на патувањето. Дококу сте пропуштиле да си купите електронска вињета, истата не може да се купи отпосле.
Електронската вињета треба да ја купите пред да тргнете по автопатишта и други патишта за кои е задолжителна вињета. Be молиме имајте на ум дека електронската вињета не може да се купи на сите гранични премини и влезови на патишта. Затоа е препорачливо вињетата да ја регистрирате директно кај vintrica уште пред почетокот на патувањето.
Доколку за време на процесот на нарачување сте го резервирале Flex-Service, Вашиот регистарски број можете преку Вашата корисничка сметка да го смените во секое време пред првиот ден од почетокот на важноста. Од првиот ден на важноста на електронската вињета па натаму повеќе не е можно менување на регистарскиот број. Доколку не сте го резервирале Flex-Service, не е можно менување на регистарскиот број.
Не е неопходно да регистрирате корисничка сметка пред нарачката. Како нов корисник, во текот на првата нарачка можете автоматски да отворите нова корисничка сметка. Доколку веќе сте корисник, можете за време на нарачувањето да се логирате на Вашата корисничка сметка.
По закон, електронските вињети не подлежат на Reverse-Charge постапка и мора секогаш да бидат оданочени во земјата во која важи вињетата. За жал, поради тоа не можеме да Ви издадеме Reverse-Charge сметка.
Be молиме првин да го проверите нашиот сертификат за електронска вињета. Таму ќе најдете информации во врска со периодот на важност, бројот на регистарските таблички и категоријата на возилото. Проверете да не сте направиле некоја печатна грешка при нарачувањето и дали сите податоци што се отпечатени на сертификатот се точни.
Потоа треба да стапите во контакт со испраќачот од патарината. Vintrica не е испраќач на ливчето со казна и нема никакво влијание врз казната. Прашањето треба да си го расчистите Вие и испраќачот на казната за патарина. Vintrica не одлучува за казната за патарина.
После успешното нарачување и плаќањето на Вашата електронска вињета, може да потрае десетина минути додека биде издадена електронската вињета. Во исклучителни случаи, регистрирањето може да потрае и подолго. Во овој период сè уште не смеете да користите автопатишта и експресни патишта на кои се плаќа задолжителна патарина. Ние ќе Ве известиме преку и-меил штом Ви биде издадена вињетата. Дури тогаш смеете да користите автопатишта и експресни патишта на кои се плаќа задолжителна патарина!
Во vintrica можете да платите со сите вообичаени онлајн-начини на плаќање, вклучително PayPal, карта и онлајн банкарство. Изборот на саканиот начин на плаќање го правите при самата постапка на нарачување.
Да, ако Ви требаат вињети за повеќе земји, за различни возила или за различни периоди на важност, можете да ги регистрирате при една иста постапка. Саканите вињети едноставно додајте ги во Вашата корпа со производи.
Во принцип, сите нарачки од vintrica се можни и без претплата. Единствено за годишната вињета Ви нудиме претплата со која можете секоја година автоматски да ја продолжите годишната вињета. Меѓутоа, оваа претплата е потполно доброволна. Повеќе информации ќе најдете на оваа веб-страница.
Be молиме најпрво да проверите дали нашиот и-меил можеби се наоѓа во папката со спамови (несакана пошта). Доколку не ја најдете потврдата за нарачката, логирајте се на Вашата корисничка сметка. Таму можете во секое време да го проверите статусот на Вашата нарачка и да ги симнете сите неопходни документи.
За vintrica заштитата на податоците има особено висок приоритет. Ние преземаме бројни безбедносни мерки за да ги заштитиме Вашите податоци од пристапот на неовластени лица.
Со автоматското продолжување, Вашата годишна вињета автоматски се продолжува секоја година. Оваа услуга е опционална и може дополнително да се резервира за време на регистрирањето на годишната вињета.
Автоматското продолжување можете да го откажете 2 дена пред доспевањето на следната давачка за годишна вињета. Доспевањето е секогаш 6 седмици пред истекот на Вашата годишна вињета. Откажувањето се прави онлајн во Вашата корисничка сметка.
За веќе постоечките годишни вињети без автоматско продолжување можете отпосле да ја активирате услугата на Вашата корисничка сметка. Штом ќе истече Вашата стара годишна вињета, ние истата ја продолжуваме автоматски.
Доколку сакате во Република Словачка да користите автопатишта и експресни патишта на кои се плаќа патарина, потребна Ви е вињета. Постојат вињети за ПМВ, моторцикли, кампери и автобуси. Освен тоа, за ПМВ со повеќе од 7 седишта, како и за кампери и автобуси, мора да се извади дополнителна електронска вињета за приколки. Товарните возила со дозволива вкупна тежина од над 3,5 тони не можат да купат електронска вињета, туку мора да учествуваат во електронската наплата на патарината која зависни од рутата (систем HU-GO).
Во принцип, низ цела Унгарија важат електронските вињети. Но, доколку сте сигурни дека ќе користите патишта со задолжителна патарина само во една одредена покраина (жупанија) во Унгарија, можете да си купите и годишна вињета која важи само во една одредена покраина. Предноста е што овие вињети се поповолни. Недостатокот е што со жупаниските годишни вињети никогаш не смеете да користите рути со патарина надвор од избраната покраина.
На ПМВ со максимално 7 седишта и дозволива вкупна тежина од максимум 3,5 тони, не им е потребна екстра вињета за приколката. За ПМВ со повеќе од 7 седишта и дозволива вкупна тежина од максимум 3,5 тони, како и кампери и автобуси, не е потребна екстра вињета за приколка. И таа може да се набави преку нашата веб-страница. Вињетата за приколка треба сами да ја нарачате.
Прашања во врска со задолжителната вињета за Бугарија
За возилата од овие категории со дозволива вкупна тежина од максимум 3,5 тони се плаќа давачка за вињета:
За моторни возила со најмалку четири тркала, наменето за патнички сообраќај;
за моторни возила со најмалку четири тркала, наменето за товарен транспорт;
теренски моторни возила.
За возила со приколка чија дозволива вкупна тежина надминува 3,5 тони (вкупна комбинација) е потребна дополнителна вињета за приколката во истата категорија. За комбинации под 3,5 тони дозволива вкупна тежина е потребна само една вињета за возилото.
За возилата со приколка чија дозволива вкупна тежина надминува 3,5 тони (вкупна комбинација) е потребна дополнителна вињета за приколката во истата категорија. За комбинациите под 3,5 тони дозволива вкупна тежина е потребна само една вињета за возилото.
Во Словенија е потреба вињета за следните категории возила:
Патарина класа 1: вклучува моторни возила со еден колосек, кој не е поширок од 50 cm. Ова обично вклучува мотоцикли.
Патарина класа 2A: максимална вкупна тежина од 3,5 тони и максимална висина од 1,3 метри над првата оска. Ова обично вклучува моторни возила со два колосека и камп приколки (патнички автомобили, мини комбиња, џипови, пикап возила и камионети). Во случај на камп приколки, максималната висина од 1,3 метри над првата оска не важи.
Патарина класа 2B: максимална вкупна тежина од 3,5 тони и минимална висина од 1,3 метри над првата оска. Ова обично вклучува комбиња.
За приколките не е потребна посебна вињета во Словенија.
Сите возила со најмалку четири тркала и максимум 3,5 тони дозволена вкупна тежина подлежат на обврската за вињети во Чешка. Тука, на пример, се вбројуваат ПМВ, трејлери, комбиња, теренски возила, џипови и пикап. Не е потребна посебна вињета за приколки во Чешка. Мотоциклите и трициклите со мотор се исклучени од обврската за вињета.
Ослободувањето од обврската за вињета може да следува само во исклучителни случаи и зависи од тоа дали Вашето возило е регистрирано во Чешка.
Моето возило е регистрирано во Чешка
Автоматски ослободени возила
Возила што работат на струја или на водород или се опремени со хибриден мотор (емислија на CO2 под 50 г/км), доколку возилото е регистрирано со специјална чешка регистерска табличка за МВ.
Возила за транспорт на лица со чешка инвалидска легитимација од типот ZTP или ZTP/P. При улична проверка сопственикот на инвалидската легитимација од типот ZTP или ZTP/P мора да биде присутен во возилото и да ја покаже инвалидската легитимација.
Возила за транспорт на незгрижени деца кои се лекуваат од малигнен тумор или хемобластоза. При улична проверка мора да се покаже лекарски извештај или друга потврда издадена од медицинска установа.
Историски возила со доделена специјална регистерска табличка и со легитимација за историски возила.
Ослободени возила должни да се пријават
Возила што работат на струја или на водород или се опремени со хибриден мотор (емислија на CO2 под 50 г/км) без специјална регистерска табличка за МВ.
Возила што припаѓаат на домовите за инвалидни лица, доколку се користат за транспорт на инвалидни лица.
Чешките граѓани може да поднесат пријава преку утврдениот поштенски фах за податоци со индикаторот ws5mh9w.
Моето возило нее регистрирано во Чешка
Потребно е да се достави барање за возилото да биде ослободено од обврската за вињета.
Возила што работат на струја или на водород или се опремени со хибриден мотор (емислија на CO2 под 50 г/км).
Барањето за ослободување од обврската за вињета може да се испрати во писмена форма неминовно со службено заверен потпис на следната адреса: Státní fond dopravní infrastruktury, Sokolovská 1955/278, 190 00 Prag 9, Чешка Република Ве молиме земете предвид дека е потребно подолго време за пошта од странство! Доколку Ви е потребна вињета веднаш Ви препорачуваме неодложно да ја регистрирате електронската вињета.
Алтернативно барањето може да следува по електронска пошта. Но во овој случај барањето во ПДФ мора да биде потпишано со сертифициран електронски потпис според особениот правен пропис. Во друг случај барањето во ПДФ формат може да биде потпишано од чешката служба. ПДФ-образецот може да се симне од веб-страницата на Sfdi.